НОБ: Ода за моќта на љубовта! “ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО” – П. И. Чајковски

Сподели

 

Балетска претстава ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО во Националната опера и балет, на 25 март, со почеток во 20 часот 

Балетска класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото.
Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија.
 
Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид. Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.
 
Диригент: Бисера Чадловска
Настапуваат:
Одета, Одилија: Марта Петкова (Бугарија)
Принц Зигфрид: Васил Чичијашвили (Грузија)
Ротбарт: Балаж Лашеи (Унгарија)
Па де труа: Христина Наќевска, Ангела Велевска, Ендру Кук (Англија)
НАСТАПУВА ОРКЕСТАРОТ, СОЛИСТИ И БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ