Цените на горивата од полноќ се повисоки за 3 денари

Сподели

 

Од полноќ, горивата и екстра-лесното масло за домаќинства се поскапи за 3 денари по литар, според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Поскапува и мазутот – за 1,57 денари за килограм.

Причините за поскапувањето се пораст на цените на нафтените деривати на светските берзи и падот на курсот на денарот во однос на американскиот долар, објаснуваат од комисијата.

Новите цени на горивата од полноќ се:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 82 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 84 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 84 денари/литар
Екстра лесно масло за домаќинства 1 (ЕЛ-1) = 81 денари/литар
Мазут М-1 НС = 55, 163 денари/килограм