“Отворена недела на Државниот архив” по повод Денот на македонските архиви

Сподели

 

По повод Први април, денот на македонските архиви и архивисти, Државниот архив денеска ги отвора вратите за граѓаните, кои ќе имаат можност да ги видат новите изданија што обработуваат теми од областа на историјата и архивистиката и изложбите посветени на значајни историски датуми, настани и личности со повеќе оригинални документи и фотографии.
 
 
 
 
Од 28 март до 1 април граѓаните ќе имаат шанса и да се запознаат со организираноста и начинот на работа на Државниот архив, како научно-културна институција со особено значење за нашата историја и како еден од главните столбови врз кои се потпира нашиот идентитет.
 
 
 
 
Посетителите ќе добијат и подарок од Државниот архив – Каталог од изложбата “150 години од раѓањето на Гоце Делчев 1872-2022” и примерок од најновиот број на списанието “Македонски архивист”.