Бектеши: Поддршка од милион евра за домашни претпријатија и занаетчиите

Сподели

 

Министерството за економија објави два јавни повика за поддршка на домашните компании наменети за субвенционирање на микро и мали претпријатија и за субвенционирање на занаетчии, кои ќе траат заклучно со 6 мај годинава.

 

 

Јавниот повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија;
 
-Јавниот повик за субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност;
 
Предвидени се 50 милиони денари за субвенционирање на микро, малите и средни претпријатија или околу 800 илјади евра и 6 милиони денари за поддршка на занаетчиите или 98 илјади евра.
 
За двата Јавни повици, согласно условите, субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци на компаниите за набавка на машини настанати во 2021 и 2022 година за компаниите кои ги исполнуваат следите услови: да се компании со мнозински домашен капитал, не добиле државна помош, во претходните три години не биле субвенционирани преку јавните повици од КИП програмата на Министерството за економија, да се основани најмалку една година пред објавување на јавниот повик, да не работеле со загуба во 2021 година, ги имаат подмирано сите обврски кон државата, да не е покрената стечајна постапка за нив и се од дејноста –Преработувачка индустрија.
 
Средствата кои се на располагање на двата Јавни повици ќе се распределат кај сите апликатни кои што ги исполнуваат условите по принципот Рамномерен регионален развој.
 
Условите на двата јавни повици може да ги најдете во следните линкови