Санкционирани 199 пешаци за преминување на улица надвор од пешачки премин

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 10.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

Санкционирани се 199 пешаци од кои, 160 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, девет за минување на црвено светло. Од нив 48 на територија на СВР Скопје, 28 на територија на СВР Тетово.

За време на контролата регистрирани се и 142 останати прекршоци.