Медведев: Ако Финска и Шведска влезат во НАТО, Русија ќе распореди нуклеарно оружје

Сподели

 

Русија денеска го предупреди НАТО дека, доколку Шведска и Финска се приклучат на воената алијанса, ќе мора да ја зајакнат одбраната на копно, море и во воздух и дека „повеќе не се зборува за ненуклеарен статус на Балтикот“.

„Не може повеќе да се зборува за некаков ненуклеарен статус на Балтикот – мора да се воспостави рамнотежа. Иако влезот на Шведска и на Финска во НАТО не би значела голема промена за Русија, Москва во тој случај ќе ги смета Шведска и Финска за противници и ќе преземе мерки во регионот“, рече Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.