Македонската ракометна репрезентација се пласираше на Светското првнество кое во јануари следната година ќе се одржи во Полска и во Шведска откако во реваншот од бараж двомечот со Чешка вечерва во „Борис Трајковски“ славеше со 27-25 Првиот дуел во Злин заврши без победник 24-24.
Нашиот национален тим имаше предност во текот на целиот натпревар, на полувремето имаше два гола позитива (14-12). Во вторто полувреме, нашата селекција имаше и максимални четири гола предност, но најчесто беше на три гола позитива.
Но, во драматичниот финиш во кој во главните улоги беа голманите, Чесите се доближија на минус еден на четири минути пред крајот. Во последните две минути, Талевски и Кузмановски од пенал ги постигнаа головите за големиот триумф.
За македонската ракометна репрезентација, Мундијалот, следниот јануари ќе биде осмо светско првенство.