АА: Поглаварот на ИВЗ инструментализиран е од политиката и не заслужува да ја врши неговата должност

Сподели

Алијансата за Албанците изразува загриженост во врска со последните случувања во Исламската верска заедница.

“ИВЗ е институција со огромна духовна вредност за илјадници муслимански верници и како таква треба да биде автономна. За жал, политиката продолжува става раце врз оваа институција и да има влијание врз заедницата.

Поглаварот на ИВЗ со своја уста потврди дека подолго време бил инструментализиран од политиката и како таков не заслужува да ја врши и понатаму неговата должност.

Од друга страна, судската одлука помеѓу двата изборни циклуса отвора сомнежи дека целта повторно е инструментализација на оваа институција за политички цели.”

Алијансата за Албанците инсистира случајот да се разјасни и јавноста правилно да се информира. Ве потсетуваме дека Исламската верска заедница е институција која му припаѓа на народот и не е алатка на партиите за политички цели.

-“Силно се надеваме дека оваа институција ќе собере сили да ги направи неопходните промени, без да стане инструмент на мрачнс стратегија на која било политичка партија која се обидува да го командува и Бога!” – стои во соопштението на Алијанса на Албанците.