АБА лигата воведе ново правило – Повеќе ништо нема да биде исто, но ќе биде шанса за МЗТ!

Сподели

Челниците на АБА лигата вчера одржаа состанок на кој донесоа одредени одлуки околу стартот на новата сезона!

Она што секако е различно е изгледот на форматот на плејофот. Наместо претходните шест клуба, каде првото и второто место директно одеа во полуфинале, во сезоната 2022/23 ќе разигруаат осум екипи.

,,По конструктивна дебата и анализа на сите аспекти на функционирањето, донесовме низа одлуки кои гарантираат понатамошен напредок на натпреварувањето – се вели во соопштението на АБА лигата.

Четвртфиналето и полуфиналето ќе се играат по два освоени натпревари, а шампион ќе биде тимот кој прв ќе стигне до три триумфи во финалето.

Нашиот шампион МЗТ Скопје сега има историска шанса, за првпат во своето постоење да обезбеди место во плејофот од АБА лигата.

Нивниот најдобар пласман во регионалното натпреварување е седмото место во дебитантската сезона (2012/13).

За потсетување, сезоната започнува на 30 септември, а титулата ја брани Црвена звезда.

The post АБА лигата воведе ново правило – Повеќе ништо нема да биде исто, но ќе биде шанса за МЗТ! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico