По повод официјализирањето на денот на Македонскиот јазик во Романија, во присуство на високи претставници на романските државни институции, сенатори, пратеници, претставници на Друштвото на македоците во Романија, претставници на други национални малцинства, заедно со македонската делегација предводена од министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, мининистерот изјави:
-“Македонците во Романија, мотивирани се со верба во знаењата на Конески, но и од духовната упорност и од трпението на Свети Климент, како и од визионерството на Крсте Петков Мисирков и на целата редица македонски дејци и просветители кои го одбранија заслуженото место на македонскиот јазик како посебност во светската ризница на јазиците.”