Никола Груевски денес нема да оди во затвор бидејќи сѐ уште течат роковите за жалби на одлуката од судијата за извршување на санкции кој одби да му го одложи отслужувањето затворска казна.
Во Кривичниот суд сеуште пристигаат жалбите од неговиот адвокатски тим за одлуката со која се одби барањењто за одложување на издржување на затворската казна. Се очекува денеска и Груевски да поднесе жалба.
Во меѓувреме Груевски се обидува да остане на слобода и преку Врховниот суд од кој бара вонредно преиспитување на пресудата.
За пратеничкиот мандат на Груевски, утре ќе одлучуваат пратениците на собраниска седница. Вчера комисијата за мандатно – имунитетни прашања му препорача на Собранието да му го одземе мандатот на пратеникот затоа што е недостоен за вршење на пратеничката функција. Во Собранието засега нема двотретинско мнзоинство кое би гласало за одземање на мандатот.