Стивен Тајлер, фронтменот на Аеросмит, потврди дека бендот се распаѓа после 46 години поестоење.
Аеросмит е основан во 1970 година во Бостон, Масачусетс. Последниот албум на бендот, Music from Another Dimension!, беше објавен во 2012 година.
Тајлер ги потврди вестите за време на гостување во радио шоуто на Хауард Стерн, пренесува NME.
„Ќе правиме турнеја за збогување, но само затоа што веќе дојде времето“, изјави Тајлер.
„Има само два бенда кои се уште ги имаат оригиналните членови, ние и Стоунси“, додава фронтменот. „Благодарен сум за тоа“.
Инаку, Стивен Тајлер претходно потврди дека ќе објави долгопланиран кантри албум. Соло изданието We’re All Somebody From Somewhere, кое содржи 13 песни, ќе биде објавено на 15 јули.