Со 76 гласа „за“ и 6 „против“ Африм Гаши е избран за претседател на Собранието.
„Бидејќи ова ми е трет пратенички мандат може да кажам дека сум имал можност да бидам и пратеник на власта и на опозицијата. Ќе се погрижам да овозможам на секој пратеник да му се гарантира право на изразување. Мојата единствена припадност ќе биде ниту еден пратеник да не биде дискриминиран“, изјави Гаши.