Ахмети: Денко Малески ги исполнува сите стандарди за претседател на државата

Сподели

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање денеска го откри својот фаворит за иден претседател на државата, јави телевизијата 21.

Според Ахмети, најдобар кандидат засега е Денко Малески.

– “Досега не сме зборувале за имиња, но мислам дека Денко Малески е угледен професор, професор што ги исполнува сите стандарди. Но, сепак останува за ова да разговараме со сите политички субјекти” – рече Ахмети.