Али Ахмети денеска и утре ќе дава исказ пред истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово, како сведок за неговата улога во ОВК.
Ахмети е повикан во овој Суд како сведок на обвинението поднесено за воени злосторства покренато против претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на ДПК, Кадри Весели.
Во врска со сведочењето, Ахмети минатиот месец на неговиот фејсбук-профил објави дека „ќе сведочи на покана од Специјалното обвинителство со седиште во Хаг, кое ги истражува злосторствата за време на војната во Косово, како сведок и еден од основачите на ОВК.“