Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на 2 септември ќе сведочи на Специјалниот суд за воендите злосторства во Косово, јавува ТВ21 повикувајќи се на извори од партијата.
Како што пренесува ТВ21, од партискиот кабинет на Ахмети ја потврдиле информацијата дека нивниот претседател за десет дена ќе оди за Приштина да сведочи за неговата услога во ОВК.
Меѓународните обвинители побарале Ахмети да биде два дена на располагање за неговото сведочење.
Ахмети минатиот месец преку неговата официјална фејсбук-страница објави дека е поканет како сведок во Специјалниот суд во Хаг, од страна на Специјалното обвинителство за Косово.