Претседателот на ДУИ, Али Ахмети се поклони пред Двоглавиот орел. Од потпретседателката тројка на партијата, меѓу кои е и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, не дојде никој на одбележувањето на 16-годишнината од конфликотот во 2001 година, пренесува 24 Вести.
Иако од ДУИ најавија дека на манифестацијата ќе присуствуваат сопартијците на Ахмети, со цел да се демонстрира единство, Ахмети многу скромно, само со дел од членовите на партискиот огранок од Чаир, како и дел од семејстватаа на загинатите борци на ОНА, симболично ја одбележа годишнината.
Лидерот на ДУИ повтори дека во неговата партија нема рок до кога треба да се донесе одлука за евентуална коалиција со СДСМ и порача дека одлуката е многу тешка, се анализираат сите аспект и сите детали од предлог пакетот на СДСМ.