Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов на денешната прес-конференција информираше дека наместо до крајот на овој месец, рокот за бесплатна идентификација и регистрација на домашните миленици се продолжува до 31. декември годинава.
За таа цел набавени се 100 илјади микрочипови. Со нив треба да се идентификуваат и регистрираат сите домашни миленици, чијашто бројка, според податоците на Агенцијата, во моментов изнесува вкупно 49 илјади.
Бесплатното чипирање на домашните миленици предвидено е во тригодишната стратегија на Агенцијата за храна и ветеринарство, во којашто значаен сегмент е одговорното чување на домашните миленици и справување со проблемот со бездомните кучиња.
-“Би сакал да нагласам дека од 1. април апликацијата на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а издавањето на пасошот, што следи со домашниот миленик 120 денари, додека самиот микрочип ќе биде донација од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Исто така, од 1-ви април инспекциските служби ќе изрекуваат и соодветни мерки, доколку затекнат неидентификуван домашен миленик. Само да нагласам дека казните се движат, за индивидуално лице од 100 до 150 евра во против денарска вредност, а додека за правните лица казните изнесуваат 1000 евра во против денарска вредност, истакна директорот на АХВ, Зоран Атанасов.