Демонстрантите од многу сектори најавија генерален штрајк за денеска во Париз поради промените во законот за работни односи во Франција, одбивајќи ги реформирмите за работните недели од 35 часа и полесно отпуштање
ПАРИЗ (АА) – Поради протестите против реформите во законот за работни односи, во Франција денеска е затворена Ајфеловата кула, а компанијата која управува со најпознатата париски објект вели дека нема доволно работници за нејзиното отворање.
Од компанијата велат дека голем број на вработените учествуваат во штрајкот и дека денес нема доволен капацитет на работници за да се обезбеди безбедност.
Демонстрантите од многу сектори најавија генерален штрајк за денеска во Париз поради промените во законот за работни односи во Франција, одбивајќи ги реформирмите за работните недели од 35 часа и полесно отпуштање.
Протестите поради промените на Законот за работни односи во Франција станаа поостри. Протестите започнаа во март на улиците во Париз, а продолжија во речиси сите поголеми градови во земјата.