Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, сесловенски просветители и заштитници на Европа, 24 мај, беше одбележан и со академска церемонија посветена на творештвото и универзитетската кариера на македонскиот писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш.
Настанот се одржа на парискиот Универзитет Пантеон Асас, инаку, дел на угледната париската Сорбона.
Како што е познато, неодамна, Француската Академија, токму на предлог на овој универзитет, му ја додели “Гранд При” наградата, за целокупниот книжевен опус на Плевнеш во областа на франкофонијата.
По тој повод претседателот на Униврзитетот Стефан Браконие во својата пригодна беседа ја соопшти одлуката на оваа пресетижна институција, “Портретот на Плевнеш”, дело на големиот македонски академски сликар Родољуб Анастасов, да биде изложен во “Галеријата на портрети” на Пантеон Асас, како врвно признание од сегашните и идните генерациии професори и студенти.