Актерот Драган Спасов Дац му подари метла на Заев (ВИДЕО)

Сподели

На вечерашната трибина на СДСМ, актерот Драган Спасов Дац му подари метла на премиерот Зоран Заев, за, како што рече, чистката која треба да ја направи.

-“Затоа што јас сум првиот кој си поднесе оставка од морални причини, имам и морална одговорност да ја предадам оваа метла за чистката што треба да се направи. Ова ништо не е договорено, од Рептил е, има и лопатче каде може да се собере доста ѓубре. Јас отсекогаш сум го сакал СДСМ и сум гласал за оваа партија, сум се гордеел со оваа партија. Сигурен сум дека мојот иден претседател е Стево Пендаровски,” рече Дац.

Премиерот Заев на овој гест, одговори дека пораката е примена и дека ќе има чистки:

-” Секако дека ќе расчистиме со некои луѓе. Видовме дека некаде имаме решенија со луѓе кои немаат доволно капацитет да му служи на нанародот Има незадоволство и од централната и од локалната власт. Граѓаните ни ја испратија пораката. Граѓаните тоа јасно и гласно ни го кажаа. После изборите ќе се случат промени. За да дојдат други, кои поучени од нивните претходници, нема да ги прават истите грешки” – рече Заев.