Активистички ден во Скопје: Студентски референдум и протест за Павле Богоевски

Сподели

studentski-plenum1

Референдумот на „Студентски пленум“ и протестот на „Шарена револуција“ се двата активистички настани денеска.

„Студентски пленум“ од 9 до 17 часот ќе организира референдум на кој студентите ќе треба да се изјаснат за тоа какво студентско организирање сакаат. Гласањето ќе биде тајно, а избирачки места ќе има на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

За да гласаат, студентите ќе треба на комисиите да им покажат само индекс или студентска легитимација. Право на глас имаат сите студенти на додипломски и на мастер-студии.

Од „Студентски пленум“ велат дека излезноста е важна, но уште поважно е сè да биде спроведено во фер и демократска атмосфера за студентите да покажат дека со висока демократска свест можат да ги користат своите можности.

pavle-bogoevski

„Шарената револуција“ денеска во 10.45 организира протест пред Основен суд Скопје 1, за поддршка пред судењето на активистот Павле Богоевски, кое е закажано во 11 часот.

Богоевски се товари за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Од „Шарената револуција“ велат дека „оваа прва кривична пријава за боењето на симболите на криминалниот режим во Скопје е уште еден обид за обвинителството и за судството од тефтерот на Горде да делат селективна правда“.

meta.mk