Акцијата на МВР продолжува: 87 прекршоци за брзо возење, 52 лица без возачка дозвола

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 391 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 52 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 87 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 74, 7 санкционирани мотоциклисти, 92 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 11 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.