Акцијата на Општина Центар продолжува – отстранета диво поставената тераса на гостилницата „Аманет“

Сподели

 

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар и оваа недела продолжува со активностите за административно отстранување на нелегалните објекти.

 

 

Денес, со градежна механизација на улицата „Павел Шатев“, бр. 2 во палатата Емануел Чучков, се отстрануваше нелегално поставена урбана опрема, односно челична конструкција обложена со стакло, со димензии 10 х 11 метри, која функционираше како тераса на гостилницата „Аманет“.

Откако инвеститорот не постапи по законски издаденото решение, кое наложува во рок од три дена самостојно да ја отстрани дивоградбата, инспекциските служби на општината пристапија кон присилно административно извршување, а трошоците за извршувањето ќе паднат на товар на инвеститорот.

 

 

Акцијата на Општина Центар за справување со дивоградбите ќе продолжи и во деновите кои следат, со што ќе бидат опфатени вкупно 18 нелегално поставени и изградени објекти на територија на општината.

denesmaazin.mk