Акцијата за привремено згрижување на рибниот фонд во Градскиот парк успешно завршена

Сподели

Привременото згрижување на рибниот фонд од езерцето во Градски парк, на барање од Град Скопје и ЈП Улици и Патишта кој што е изведувач на проектот, здружението Вардар успешно ја заврши акцијата.

Акцијата траеше седум дена со учество од над 15 активисти од здружението. Во згрижувањето на рибите, се користеше професионална опрема за излов на рибата, со цел минимално оштетување на рибата при излов.

Вкупно се излови околу еден тон крап, клен, бојник, костреж, црвеноперка, караш, толстолобик и истата уредно ќе биде вратена откако ќе се исчисти езерото.

Град Скопје упатува голема благодарност до здружението спортско рекреативен риболовен клуб Вардар за брзата реакција и координација во спроведување на оваа акција.