Акциски план за надминување на состојбите со намалениот водостој на Преспанското Езеро

Сподели

 

 

Министерството за животна средина и просторно планирање на 25-та Седница на Владата на РСМ, одржана на 1 декември, достави Анализа и Акциски план за Преспанското Езеро, која беше подготвена од Експертската работна група (ЕРГ) воспоставена од страна на МЖСПП за целта, а во која беа вклучени актуелните и пензионирани професори, експерти, технички стручни лица од релевантните институции (хидролози, биолози, геолози) кои работеле и работат на оваа проблематика, како и претставници на Македонското еколошко друштво (МЕД) и други експерти кои работат на тематски проекти во Преспанскиот Регион.

Бидејќи Планот проектира итни, среднорочни и долгорочни мерки, со дефинирани задолжени институции и субјекти и финансиски импликации, Владата го разгледа Извештајот и ги задолжи сите институции предвидени во Акцискиот план да се произнесат, со цел итно усвојување на Планот и пристапување кон негова реализација во најкус можен рок.

Во интерес на информирање на јавноста во продолжение е изложен пресек на спроведени активности и прогрес во подготовката на планот за надминување на состојбите со намалениот водостој на Преспанското Езеро во рамки на Експертската работна група, како и прекуграничната сорботка.

1.Неформалните средби започнаа да се одржуваат на политичко, административно и експертско ниво уште од февруари 2020 година, при што беа дефинирани чекорите за адресирање на прашањето со Преспанското Езеро на национално и трилатерално ниво.

Еден од утврдените чекори на национално ниво беше формирање на Експертска работна група што ќе направи пресек на досега изготвените плански документи и спроведени мерки, како и научните анализи за изготвување на Акциски план за итни интервентни мерки со финансиска конструкција во најкус можен рок, покрај започнатите процеси со долгорочна перспектива;

2.На 1 октомври 2020г. беше воспоставена и формално Експертската работна група (од претставници од релевантните научни институти, универзитети, УХМР, НВО и институции) и одржан првиот работен состанок на кој беа формирани две подргупи за работа:

– Тим биолози

– Тим хидролози.

3. ЕРГ ги собра сите изработени и достапни документи и досега спроведени студии за целиот Преспански регион, и ја воспостави рамката за креирање на Акцискиот план врз основа на два главни документи:

– Стратешката Акциона Програма за Дрим со препорачани активности за управување од март 2020 г. (Програма усвоена од трите земји во рамките на проектот за управување со сливот на Дрим)и

– Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро.

4.На 9 ноември 2020г. беше одржан третиот работен состанок и воедно последната заедничка средба на целата ЕРГ во полн состав при што беа извлечени клучните задачи за двата тима и закажани посебни средби за нивна фокусирана работа.

5.На 10 ноември 2020 г., Координаторот на ЕРГ, (помошник раководител на Секторот за води во МЖСПП) одржа средба на техничко ниво и со колегите од Албанија и Грција и беа побарани податоци и сознанија од нивна страна, за чија размена беше договорен следен состанок на 11.12.2020,

6.На 23 ноември 2020 г. беа презентирани првите заклучоци и Нацрт Акциски план со финансиска конструкција во рамките на ЕРГ и МЖСПП.

7. На 1 декември 2020 г. до Владата на РСМ беше доставена на разгледување и усвојување Информација со анализа и акциски план за Преспанското Езеро во која се утврдени фазно сет на мерки, од брзи интервентни, до среднорочни и долгорочни активности, пропратени со предлози за финансирање (национален буџет и меѓународни фондови) со цел долготрајно надминување на состојбите со Преспанското Езеро.

Целокупната документацијата за активностите поврзани со надминување на состојбата со намален водостој на Преспанското Езеро се поставува на веб страницата на МЖСПП за увид на јавноста.

denesmagazin.mk