Алаѓозовски: Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура за 2018

Сподели

Десет проекти од Годишната програма на Министерството за култура за 2018 година, со вкупна вредност од осум милиони и 500.000 денари се повлечени по ревизијата на Комисијата од Министерството, информираше денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

– “Во овој момент комисиите ги разгледуваат и одлучуваат по однос на приговорите. Начинот на кој што ќе можеме да одговориме на приговорите ќе зависи од достапните средства што ќе ги имаме на располагање – рече Алаѓозовски на новинарско прашање за проектите од Годишната програма, за кои имаше реакции во јавноста и за кои беше побарана ревизија.”