Албанија ќе испрати два Спејс Икс сателити во вселената

Сподели

 

Премиерот на Албанија, Еди Рама објави видео на Фејсбук на кое гледа лансирање ракетите Спејс Икс и на англиски разговара со соговорник за лансирање сателити во вселената. Според Рама, сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ ќе бидат лансирани во март и јуни следната година.

„Албанија во орбита. Неверојатно, но вистинито“, вели Рама во видеото.

 

 

Рама не соопшти детали како ќе се финансира овој проект, но на 14-ти овој месец зборуваше и во Собранието велејќи дека контролата на границите на Албанија треба да биде со современа технологија, со дронови и сателити, пренесува мета.мк.

Според премиерот на Албанија, сателитите би можеле да се користат за секојдневна контрола врз целата територија на земјата.

 

 

Ваквата најава предизвика големо изненадување и неверување во јавноста, но „Политико“ во својот напис објави дека овие идеи на албанскиот премиер се должат на неговиот близок однос со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Во јануари, Ердоган имаше телефонски повик со Илон Маск, директор на Спејс Икс, американска приватна компанија за истражување на вселената, за да разговара за соработката со турските компании. Во соработка со Спејс Икс, Анкара го претстави Турксат 5 A сателитот кој ќе се користи и за цивилни и за воени цели“, пишува Гардијан.