Албански медиуми: Груевски излегол од Албанија со автомобил на унгарската амбасада

Сподели

Откако српскиот весник „Политика“ излезе со верзија дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски со лажен пасош ноќе ја минал македонско-албанската граница и стасал во амбасадата на Унгарија во Тирана, од каде одлетал за Будимпешта, влијателен портал на албански јазик изнесе друга верзија, повикувајќи се албанската полиција, пренесува Мета..

Според порталот „Диалогплус“ „извештаите на албанската полиција сугерираат дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски на 11.11.2018 година во 19:11 излегол од Албанија во Црна Гора со автомобил на унгарската амбасада во Тирана – возило со таблички CD1013A.“, пренесува „Порталб“.

Преминувањето наводно било на граничниот премин „Хан Хоти – Божај“ крај Скадарско езеро, од каде следното поголемо населено место е Подгорица. Како потоа се одвивало патувањето на Груевски до Будимпешта, каде што тој завчера соопшти дека се наоѓа, не се наведува.

Според албанската телевизија „Топ Ченел“, полицијата во Тирана тврди дека Никола Груевски не полетал од тиранскиот меѓународен аеродром „Ринаси“.