Албанскиот театар со „Жените“ на хуманитарно гостување во Тетово

Сподели

Претставата “Жените” на НУ Албански театар – Скопје, во режија на Ќендрим Ријани, вечерва ќе биде прикажана во Тетовскиот театар. Претставата. која премиерно се одигра на 26 декември, гостува во Тетовскиот театар во рамките на хуманитарната акција за режисерот Беким Луми.

Претставата ги третира проблемите на љубовта, омразата, предавството, сексуалноста и инцестот.

Улогите во “Жените” на Роберт Тома ги играат: Теута Ајдини Јегени, Дрита Каба Карага, Амернис Нокшиќи, Вјолца Бектеши Хамити, Аида Алидеми, Раска Јонузи Челику, Линда Саити и Аида Елези. За музиката се погрижи Фатос Лумани, додека за сценографијата Петрит Бакали.