Александар Даштевски избран за нов претседател на ДИК

Сподели

 

Собранието денеска го избра новиот состав на Државната изборна комисија со дво-третинско мнозинство.

Нов претседател на Државната изборна комисија е Александар Даштевски, поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За негова заменичка е избрана Детмире Шеху.

Ова за Даштевски нема да биде прво искуство во ДИК. Тој беше избран за член на Комисијата и пред парламентарните избори во 2006 година, тогаш како кадар на ВМРО-НП.

Мандатот на актуелниот состав на Комисијата  истекува на 15 јануари.

Членови на Државната изборна комисија на предлог на СДСМ се членовите Борис Кондарко и Радица Ристовска, како и Оливер Ристовски кој е нов член. За член на предлог на Алијанса за Албанците е избран и Кренар Лога.