Алексеј Навални уапсен по пристигнувањето во Москва

Сподели

 

Најголемиот руски опозиционер и остар критичар на власта Алексеј Навални по неговото пристигнување на московскиот аеродром Шереметјево е уапсен откако ја минал пасошката контрола, јавија руски медиуми.

Алексеј пристигна на аеродромот вчера по пет месеци откако падна во кома откако беше затруен со бојниот нервен отров Новичок и пренесен на лекување во Берлин.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, повика Навални да биде веднаш ослободен..

„Приведувањето на Навални по доаѓањето во Москва е неприфатливо“, рече Мишел.

Според руските медиуми, апсењето е со образложение дека Навални во Германија не ја исполнил обврската да ги информира руските власти за местото на престој во текот на неговата условна казна. За тоа дали Навални ќе оди в затвор или ќе биде пуштен на слобода ќе решаваа надлежен суд во вторник.

meta.mk