Али Ахмети: Јас ќе станам мост и ќе го изградам патот за вие да го реализирате сонот

Сподели

 

Денес, на годишнината на Призренската Лига, Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и се обрати на нацијата со порака околу идејата за избор на прв Албанец за премиер на Република Северна Македонија.

Во својата порака Ахмети вели:

“Сега е време за потполна рамноправност, за превземање на одговорноста за раководење! Време е за првиот Премиер Албанец во Северна Македонија!

Некои можат да ја наречат оваа идеја неостварлива. Некои можат и да ја потсмеват нашата доверба во остварување на сонот на многу Албанци. Сепак и тоа е добро. Кога некој ти го одрекува сонот, те поттикнува да работиш уште повеќе за да го оствариш.

Кога сонувавме за слободата во 2001 година, истата категорија на луѓе, исто така се потсмеваа и го кренаа белото знаме. И, ако само пред неколку години ќе им речевме дека ќе дојде време кога Претседателот на Собранието на Северна Македонија ќе биде Албанец, многумина од нив немаше да поверуваат, како што не веруваат ниту денес.”

Ахмети понатаму појасни дека тој нема да биде кандидатот за Премиер:

“Оваа идеја е поголема од секоја партија и секоја личност. Ова идеја не се однесува на ДУИ и секако најмалку се однесува на мене лично. Јас сум тука за да му го продолжам животниот век на процесот, да го предводам концептот, да станам мост и да го трасирам патот создавајќи околности за остварување на сонот, а останува на Вас да го спроведете. Јас сеам за Вие да жнеете. Јас сонувам за Вие да остварувате. Јас ќе бидам храбар за Вие да го доживеете тоа. Кога сме заедно, сме посилни.

Ова е национална Албанска кауза. Ова е нашиот национален сон. Сонот на потполната рамноправност, сонот на едно општество што зборовите ги спроведува во дела.” – изјави денеска Али Ахмети, ДУИ.

“Во држава каде еден Албанец или Албанка може да стане Премиер и да биде достoен предводник кој ќе гарантира доживотно партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Ова е тоа што сакам да им го овозможам на нашите деца и нашите внуци: Довербата  дека ние можеме да постигнеме се што сонуваме. И за ова, треба да се обединиме!” вели Ахмети.

Ахмети истотака рече дека првиот Албанец премиер ќе биде премиер на еднаквоста и развојот.

“Првиот Албанец Премиер ќе биде Премиер на сите. Премиер на рамноправост: еднакви работни места, еднакви плати. Премиер на еднаквите права и на неселективната правда. За Албанците и за сите. Првиот премиер Албанец ќе раководи нова генерација на политиката, претставувајќи еднакво општество и предводејќи ја Северна Македонија кон побогата иднина како земја членка на НАТО и на Европската Унија.

Премиер кој обединува и ќе започне нова епоха не само во Албанската историја, туку и во таа на Северна Македонија, дури и во Европската историја.” објасни Ахмети.