Средба на Али Ахмети со грчкиот амбасадор, Русос Кундурос

Сподели

 

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети оствари средба со амбасадорот на Република Грција во Скопје, г. Русос Кундурос.
 
Ахмети, со грчкиот амбасадор разговараа за процесот на имплементација на Договорот меѓу двете земји, опишувајќи го како големо достигнување, договор што и го отвори патот на Република Северна Македонија кон полноправното членство во НАТО и интеграцискиот пат кон Европската Унија.
 
За време на оваа средба, Ахмети и амбасадорот Кундурос разговараа и за политичките процеси во земјата, вклучувајќи го и процесот на попис на население кој што е во тек, како еден од најважните процеси што се очекува успешно да се заврши.
 
Претседателот на ДУИ, Ахмети и грчкиот амбасадор Кундурос разменија мислења и за реформите што се спроведуваат во земјата во сферата на законодавството, извршната и судската власт.
 
Ахмети и амбасадорот Кундурос се согласија дека борбата против криминалот и корупцијата ќе остане приоритет за двете земји.
 
Амбасадорот на Грција во Скопје, г. Русос Кундурос на лидерот на ДУИ, г. Али Ахмети му ја изрази поддршката од грчката Влада за Република Северна Македонија за интеграцискиот пат кон Европската Унија.
 
На крајот од оваа средба г. Али Ахмети му кажа на грчкиот амбасадор во Скопје, г. Русос Кундурос дека Демократската Унија за Интеграција како политичка партија ќе продолжи да биде силен поддржувач на европските политики со цел Република Северна Македонија што побрзо да стане дел од големото европско семејство.