По огласот за директор кој беше распишан пред три месеци, за Директор на Националната галерија на РС Македонија, со мандат од четири години, на 9 јули 2025 година е избран и именуван д-р Али Синани, за директор на Институцијата, информираат оттаму
Прв в.д. Директор на Галеријата беше академскиот сликар Борко Лазески, а по него истакнатиот ликовен уметник Никола Мартиноски. На свеченото отварање на Галеријата во на 2 Август-Илинден 1951 година, беше изложена првата Поставка на дела од современата македонска уметност, дела од македонските зографи, првата генерација предвоени ликовни творци, икони од XIV до XX век, копии на фрески и макети од македонски средновековни цркви. Збирката на Националната галерија постојано се збогатуваше, и денес брои над 1600 дела.
фото Национална галерија/фб
