И покрај големиот број предизвици што ги наметна пандемијата во светот на бизнисот, „Алкалоид“ посветено работи на одржување на релациите со своите партнери и на започнување нови соработки со гопем број компании од фармацевтската индустрија во светот.
Во таа насока, со високо ниво на професионалност, тимот на „Алкалоид“ АД Скопје и оваа година со свој штанд успешно се претстави на најголемиот глобален саем на фармацевтската индустрија, CPhI Worldwide 2021, кој се одржа во Милано, Италија, од 9 до 11 ноември.
Како интернационално ориентирана компанија, „Алкалоид“ низ годините учествува на овој настан за да ги зацврсти соработките со своите клиенти од целиот свет. Се реализираат средби со постојни лиценцни партнери, дистрибутери и со добавувачи на супстанции, но и нови контакти кои потенцијално ќе прераснат во успешни идни партнерства.