Заштитата на животната средина е еден од највисоките приоритети на “АЛКАЛОИД”

Сподели

 

Заштитата на животната средина е еден од највисоките приоритети во деловната стратегија на Алкалоид АД Скопје. Компанијата континуирано ги следи и имплементира најновите достигнувања во оваа област, обидувајќи се да придонесе за поздрава и почиста животна средина во која сите живееме. Како општествено одговорна компанија, АЛКАЛОИД АД Скопје го интегрира Системот за управување со животната средина во Интегрираниот менаџмент систем (IMS), согласно стандардите ISO 14001:2015, ISO 9001:2015, ISO 45001:2018 и насоките на Добра производна пракса.

 

 

АЛКАЛОИД АД Скопје постојано ги следи и контролира технолошките процеси со цел на обезбедување на заштита на животната средина преку намалување/спречување на влијанијата и зголемување на енергетската ефикасност. Континуирано ги идентификуваме, евалуираме и мониторираме аспектите во воздух, вода, бучава, создавање на отпад и потрошувачка на природни ресурси и енергенси. Процесите во АЛКАЛОИД АД Скопје согласно мерењата на аспектите врз животната средина се усогласени со законската регулатива, барањата на меѓународните стандарди и заинтересираните страни.

Ги следиме еколошките aспекти во воздух, т.е. емисиите на гасови, со цел да се минимизира ефектот на стаклена градина и емисиите на СО2. За таа цел, компанијата премина на користење на природен гас наместо мазут во производните процеси на производната локација во Автокоманда и Ѓорче Петров.

Со цел подобрување на квалитетот на отпадните води и одржување на нивото на пропишаните параметри, го променивме и континуирано го одржуваме системот за отпадна вода. Со редовно одржување на системите за опрашување и поставување на звучни бариери го следиме и минимизираме аспектот на бучава кон околината во која работиме.
 

Во текот на производниот процес особено внимание се обрнува на селекцијата на отпадот и неговото рециклирање, што бележи над 40% подобрување во споредба со минатата година. Правилното ракување со создадениот отпад е од клучно значење за АЛКАЛОИД АД Скопје. Согласно законската регулатива опасниот и неопасниот отпад е категоризиран и соодветно се селектира и предава на овластени компании за натамошно третирање, рециклирање и ракување.

Базирајќи се на позитивното искуство со пилот проектот за енергетска ефикасност (ѕ.с.Energy Management System (EnMS), реализиран во соработка со Организацијата на ОН за индустриски развој (UNIDO), во насока на зголемување на ефикасноста на потрошувачката на енергијата, водите и материјалите, компанијата од 2018 година основаше посебна Служба за управување со енергија, која е одговорна за имплементација на овој систем во сите профитни центри на компанијата. Резултатите се прикажани во следната табела.

 

 

Во текот на 2018 година, се предложени 20 мерки, а со 5-те кои се прифатени и реализирани, заштедуваме годишно 46.378 евра, односно 1.359 MWh енергија, и ја намалуваме емисијата на СО2 за 408 т. Во текот на 2019 година, се предложени 37 мерки, а со 12-те прифатени и реализирани, заштедуваме годишно 308,708 евра, или 720 MWh енергија и 100.000 м3 вода, и ја намалуваме емисијата на СО2 17,816 т. Во текот на 2020 година, се предложени 34 мерки, а со 10-те прифатени и реализирани, заштедуваме годишно 285,015 евра, или 99 MWh енергија и 36.152 м3 вода, и ја намалуваме емисијата на СО2 6,067 т. Позитивните трендови на потрошувачката на вода, електрична енергија, нафта и мазут, природен гас за 2020 година се прикажани на следните графикони:

 
 

ПОЗИТИВНИ ТРЕНДОВИ ЗА 2020

Позитивните трендови за 2020 година во потрошувачката на вода, електрична енергија, маслото, мазутот и природниот гас се прикажани на следните графикони:
 

Потрошувачка на вода m3/Ton готов производ

 

 

Потрошувачка на природен гас по Ton готов прозивод

 

Потрошувачка на ел.енергија по Тon готов производ

 

Потрошувачка на мазут/ нафта по Тon готов производ