Амбасада на САД: Немаме ништо повеќе да додадеме на она што веќе го кажавме

Сподели

 

-“Немаме ништо повеќе да додадеме на она што веќе го кажавме”, е одговорот на Американската амбасада во Македонија, откако Новатв праша кој е нивниот одговор на прашањето на ВМРО-ДПМНЕ јавно да одговори дали е против идејата на партијата за нови избори.

Амбасадата на САД во понеделникот, ден по неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ да формира влада, соопшти дека го набљудува процесот на формирање влада и ги повика партиите да продолжат со разговорите за формирање нова влада.

„Очекуваме да работиме со македонската влада, кога ќе се формира, за напредување во евроатланската интеграција преку спроведување на реформите предвидени со Договорот од Пржино, особено во однос на владеење на правото“, велат од Амбасадата на прашањето како ги коментираат последните случувања и неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се договорат и да формираат влада.