Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје во пишана изјава за порталот ПРЕСонлајн ги охрабрува сите политички партии да седнат на преговарачка маса за европската иднина на земјата.
Од амбасадата велат дека одлуката кој е во, а кој надвор од Владата ја носи народот на Северна Македонија.
– Одлуките за тоа кој е во и надвор од владата им припаѓаат на народот на Северна Македонија и нивните политички претставници. Ги охрабруваме сите политички партии да седнат на маса и да бидат дел од дискурсот за иднината на земјата, наведуваат од Амбасадата на САД во Скопје