Американскиот Конгрес ја верифицира победата на Џо Бајден, по неколку часа од упадот и нередите во Вашингтон.
Во демонстрациите кои завршија со упад во Конгресот по говорот на Доналд Трамп, кој обвини за изборни нерегуларности, загинаа четири лица.
Потврдата на победата на Бајден доаѓа откако про-Трамп протестантите упаднаа во американскиот Капитол. Заедничката седница на Конгресот, беше запрена неколку часа откако протестантите упаднаа внатре во зградата на Капитол.Постапката продолжи околу 20 часот по американско време по водство на потпретседателот Мајк Пенс.
По одржаните избори, демократите и републиканците имаат по 50 сенатори во Горниот дом на Конгресот, така што одлучувачкиот глас за обезбедување на мнозинството во иднина ќе ѝ припадне на новоизбраната потпретседателка Камала Харис, која ќе стапи на позицијата заедно со претседателот Џо Бајден. Инаку, демократите веќе ја имаат контролата врз Претставничкиот дом (Долниот дом на Конгресот), што би значело дека идниот претседател Бајден при носењето на клучни закони од областа на внатрешната американска политика би имал мнозинство во двата дома на Конгресот.