“Амфора” ќе отстранува отпад од Охридското езеро

Сподели

Во организација на Нуркачкиот центар Амфора од Охрид ќе се изведе подводна еколошка акција за чистење на дното на Охридското езеро од цврст отпад, во која ќе бидат вклучени околу 100 нуркачи на Амфора и нуркачи од домашните и балканските нуркачки клубови.

Локации: Градско пристаниште, Љубаништа, Залив на коските, Камп Градиште, Калишта

Отстранувањето на пластика, метал и друг отпад од езерското дно е за заштита на биодиверзитетот, подигнување на свеста и зачувување на природната убавина на eзерото.