„Ана Каренина“ од Петар Илич Чајковски на 23 и 26 јуни во НОБ

Сподели

 

Националната опера и балет на 23 и 26 јуни 2023 со почеток во 20:00 часот најавува двојна изведба на ремек-делото „АНА КАРЕНИНА“, балетска претстава во два чина со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски.

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичката но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, публиката ќе може да проследи  едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.

Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовскa (23.6.), Марија Кичевска Шокаровска (26.6.), Бобан Ковачевски (Балаж Лочеи, Унгарија), Гилерме Алвес (Португалија).

Настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.