„Анаконда 16“, најголема воена вежба на НАТО во Полска

Сподели

nato-860x657

НАТО ја почна својата најголема воена вежба во Полска, во која ќе учествуваат војници од 19 земји членки на тој воен сојуз и уште од пет држави партнери.

Досега најобемните воени вежби во Полска почнаа во моментот кога земјите од Централна и од Источна Европа бараат цврсти безбедносни гаранции поради загриженоста од експлицитните акции на Русија.

Истовремено, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по состанокот со финскиот колега Тимо Соини, рече дека во регионот на Балтичко Море не постојат закани кои би ја оправдале милитаризацијата во таа област.

Лавров, исто така, порача дека Москва има суверено право да примени адекватни мерки како одговор на експанзијата на НАТО.

Воените вежби под името „Анаконда 16“, кои ги предводи Полска, почнаа денеска во Варшава, а во нив ќе учествуваат околу 31.000 припадници на воените сили на Полска, САД и на уште 17 членки на НАТО, како и пет партнерски земји.

Вежбите ќе траат до 16 јуни, а ќе се тестира и соработката меѓу сојузничките команданти и војници во давање одговори на воени, хемиски и на кибернетички закани.

„Анаконда 16“, најголема воена вежба на НАТО во Полска