Анди Исмаили светски шампион во современ танц за деца

Сподели

 

Анди Исмаили од танцовото студио “I Dance” од Гостивар е новиот Светски Шампион во категоријата современ танц соло деца на Светското првенство кое се одржува во Осса, Полска.

 

 

Победничката кореографија со наслов “Don’t answer the phone” е дело на Андријана Петковски од “Брејк а Лег”, додека тренери на Анди се Вулнет Незири и Сарита Селмани од танцовото студио ” I Dance”.

 

 

Следен предизвик за овој исклучително талентиран танчар е Европското Првенство во Џез, Современ и Класичен Балет кое ќе се одржи во од 11ти до 13ти Јуни во Скопје во Македонска Опера и Балет.