Андреј Жерновски се повлекува од трката за градоначалник

Сподели

Андреј Жерновски ќе ја повлече кандидатурата за градоначалник на Општина Центар – соопшти премиерот Зоран Заев синоќа во емисијата Отворено

„-Одлуката ја донесовме да одиме со свој кандидат. Веројатно утре ќе биде донесена одлуката на демократски начин преку општинската конференцијата на Центар со учество на централното раководство. Сакам да споделам со јавноста дека со Андреј Жерновски долги години имавме добра соработка, се договоривме да биде активен чинител во централната власт. Тој остава зад себе сериозни проекти, има свој политички габарит и иднина и ќе учествува во централната власт. Ќе ја повлече својата независна кандидатура и ке застане зад кандидатот што ќе го одредат органите и телата на СДСМ, заедно со коалиционите партнери. Жерновски има употреблива вредност во централната власт“, изјави Заев.