Антитерористичка акција во Анкара: Приведени 49 странски државјани

Сподели

Во рамките на антитерористичката акција во турскиот главен град Анкара од 55 странски државјани за кои е распишана потерница, приведени се 49, јавува Anadolu Agency (AA).

Акцијата против припадниците на терористичката организација ДЕАШ се спроведува на барање на Државното обвинителство кое издаде наредба за приведување на 55 странски државјани.

Утврдено е дека некои од приведени лица подготвувале терористички активности по повод турскиот празник 29. октомври – Ден на Републиката.

Во тек е испитување на приведените лица кои учесвуваа во оружени активности во име на терористичката организација на некои боишта надвор од земјата.