Антонио Бандерас се опоравува од срцев удар

Сподели

Шпанската филмска ѕвезда Антонио Бандерас, соопшти дека се опоравува од срцев удар, кој го имаше во јануари, јавува Anadolu Agency (AA).

Педесетгодишниот Бандерас за шпанските медиуми изјави дека претрпел срцев удар на 26 јанури, но дека не бил сериозен и дека не оставил последици.

Бандерас истакна дека за време на хоспитализацијата му се инсталирани три стентови, додавајќи дека тоа не е толку драматично како што некои пишуваат.

Посетата на Бандерас на една швајцарска клиника покрена шпекулации за здравствената состојба на филмската ѕвезда, позната по улогите во филмовите „Маската на Зоро“ на „Десперадо“,„Филаделфија“ и анимираниот филм „Мачорот во чизми“.

Актерот зборуваше со новинарите во саботата на филмскиот фестивал во родната Малага во јужна Шпанија, каде што доби награда за животно достигнување како актер, режисер и продуцент.