Апелацискиот суд донесе одлука прислушуваните разговори, односно „бомбите“ да се користат како доказ во судската постапка и во случајот за изборни нерегуларности „Титаник“.
Вчера во судот Јанкуловска и Јанакиевски побараа овие разговори да не бидат користени како докази и изјавија дека и тие биле жртви на прислушувањето. СЈО останува на ставот дека овие “бомби” како материјал не се незаконски прибавени и оти тие можат да се користат како доказен материјал.
СЈО поднесе жалба откако Кривичниот суд на 20 октомври ги отфрли „бомбите“ како доказ за „Титаник“. Во овој случај освен Јанкиески и Јанкулоска обвинети се и Никола Груевски и Мартин Протоѓер.