Апликацијата „СтопКорона“ ја презеле 62.979 граѓани

Сподели

 

Апликацијата „СтопКорона“ од 13 април, досега, на своите мобилни уреди ја презеле 62.979 граѓани. Апликацијата е наменета за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица и со тоа да се помогне во борбата со вирусот и побрзо спречување на ланецот на ширење, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Посочуваат дека до денеска преку апликацијата не се откриени нови позитивни случаи на коронавирусот.

Епидемиолозите секојдневно детално ги следат сите достапни методи за откривање на контакти на позитивни случаи на корона вирусот, а со цел нивно рано откривање и тестирање, потенцираат од Министерството за здравство.