Aрифи: Додека ВМРО-ДПМНЕ преговараше за платформата, немаше етнички загреана атмосфера

Сподели

Универзитетската професорка Беса Арифи, во неделното интервју за Радио Слободна Европа ја дискутираше актуелната политичка ситуација во Македонија.

Таа запрашана во врска со платформата на Албанците одговори дека Албанците како заедница многу пати се обиделе да ги реализираат своите права и дека никогаш не е погрешно време да се отвораат прашања кои се во интерес на една заедница. Меѓутоа, таа смета дека е погрешено во воспоставувањето на приоритетите во истата. Професорката потенцираше дека мора да се воспостави правна држава и владеење на правото за сите граѓани на Р.М да можат да ги остваруваат своите права.

Арифи исто така смета дека со платформата и одговорот на истата се дефокусира јаноста од работи кои се поврзани со криминалот и институциите и дека постојат двојни стандарди во постапувањето.

“Додека за истата преговараше ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ништо од ова немавме и тогаш немаше многу етнички загреана атмосфера. Кога тие не успеаја да коалицираат, топката се префрли на друга страна, сега наеднаш тоа стана етнички проблем.” – изјави Беса Арифи, за Радио Слободна Европа.